Барби, една од најомилените кукли во светот

Поминаа цели 56 години откако Рут Хендлер, мајката на Барби, ја создаде куклата која стана светска ѕвезда.

Првиот модел е направен од хартија специјално за ќерката на Хендлер, а куклата името го добива токму по неа или Барби, скратено од Барбара. Така во 1959 година на возраст од 20-години е родена Барби.

Таа има долги нозе, тенок појас, долга руса коса и преубави сини очи.

Првата Барби е облечена во црно-бел костим за капење со црни потпетици, очила за сонце, и златни обетки.
Со текот на годините стилот и изгледот на Барби се менуваа во зависност од трендовите.

Денес таа е згодна бринета, црнка или црвенокоса, во својто свет е бизнис жена, мајка, сурферка, модна икона и што ли уште не.

Барби сеуште е една од омилените кукли во светот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: