Дознајте ја историјата за тортите

Сите сакаме торти. Тие се омилениот десерт на децата, но и возрасните.

Едно парче торта е доволно да ни го разубави денот и да ни искраде насмевка на лицето. Тората е еден вид леб или храна слична на лебот.

Во поново време, тоа најчесто претставува благ, печен десерт збогатен со најразлични состојки. Порано, тортата всушност претставувала печен сладок леб и имала само тркалезна форма.

Печењето колачи има долга традиција, но тортите прв пат се појавиле пред крајот на 16-от век во Средна Европа, а можеле да си ги дозволат само многу богатите луѓе. Додека патуваме низ годините, ќе ви кажеме дека „Линзер“ е најстарата позната торта во светот која се прави и денес.

Не се знае кој го измислил рецептот или и го дал името, но таа се јаде повеќе од 350 години.

Денес има безброј рецепти за торти; дел од нив се строго чувана тајна иако основите состојки се тие брашно, шеќер, јајца и путер или зејтин.Најчесто се додаваат состојки за вкус како овошје, чоколадо, ореви и други додатоци.
Традицијата вели дека тортите најчесто ги служиме кога имаме роденден, но тука се и другите церемонии како свадби, годишнини или било какви прослави.

Ние денес ќе направиме торта бидејќи го прославуваме светскиот ден на тортите, а колку е тешко да се направи торта, дознавме на лице место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: