Kако да направите куќичка за птици!

Птиците во зима заминуваат на југ, но има и такви кои остануваат во нашите краишта.
За нив би било одлично доколку направиме куќички во кои би живееле.

Куќичките за птици можат да имаат различен облик и да се направат од различен материјал. Можат да се постават во градини, дворови и шуми.
При изработката на куќичките за птици обидете се да размислувате како птиците и уредете го нивниот дом според нивните потреби.

Шарени, многу обоени куќички за нас би биле интересни, но птиците во нив нема да се чувствуваат заштитено.
Куќичките за птици се прават од суви и необработени даски со дебелина од 20 mm.
Предната страна на куќичката (врата) треба да се прицврсти за да може да се чисти куќичката после гнездењето на птиците. Кровот треба да е накосен за да се овозможи истекувањето на водата од врнежите. Отворот на куќичката треба да биде завртен кон исток или југоисток.

Куќичките изработете ги со вашите родители, а најдобро е да се постават во есен, најдоцна до декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: