Како некогаш изгледале детската количка, цуцлата и седиштето за автомобил?

Дали знаете како некогаш изгледале основните работи кои и денес им се потребни на децата, но и на родителите, како на пример цуцлата, количката, шишето за млеко…
Но, како тие навистина изгледале на почетокот?

КОЛИЧКА


Првата детска количка е конструирана во 1733-та година од страна на архитектот Вил Кент. Таа требала да служи само како забавна играчка за децата на војводите од Девоншир.
Првата количка се состоела од кошница од исплетени прачки која била сместена во украсен дрвен оквир со четири тркала, а ја влечеле куче или пони.
Следната промена која се случила кај детските колички се двете рачки, па наместо животни сега самите луѓе ги буткале количките. Количките биле на четири тркала па ова морало да се промени. Многу мајки и дадилки добиле казни, бидејќи тогаш било забрането да се управува возило со 4 тркала пешки.
Детските колички стануваат ултра популарни по Првата светска војна, и тогаш почнале да се употребуваат пластичните налик денешните. Нивниот дизајн се менувал, но тие останувале многу големи се додека астрономскиот инжинер Овен Мекларен не ги послушал жалбите на неговата ќерка која со количката не можела во авион. Користејќи го своето знаење тој дизајнирал количка од лесен алуминиум која можела да се затвори по потреба.
Следната голема промена е во 1984-та година, кога Фил Ваеклер пробал да трча со количката во која бил неговиот син и сфатил дека таа застанува во допир со трева или песок. Тој почнал да истражува и после некое време ја создал количката со три тркала, популарно наречена „бејби џогер“ која рекордно се распродала по цена од 200 долари.

ЦУЦЛА


Тешко е да се каже колку време постои цуцлата, но се верува дека првите цуцли биле шеќерни крпи врзани во топче и намачкани со мед и шеќер.
Во 18-от век сиромашните граѓани користеле дрво или животински коски за да ги смират децата, а богатите имале цуцли кои ги нарекувале „корали“ бидејќи биле изработени од корал или слонова коска изработени со сребрена или златна дршка. Луѓето сметаат дека исртеката „роден со златна лажица“ потекнува токму од тука.
Цуцлата како што ја познаваме денес се појавила во 1900 година. Патентот го пријавил Кристијан Меинчек нарекувајќи го „тешител за бебе“, а се состоела од гумен дел, кружно постоље и платичка дршка. Користејќи го овој дизајн Сеарс и Роебук почналево 1902 година да продаваат играчки за во уста која всушност е денешната цуцла.

АВТОСЕДИШТЕ


Децении по пронаоѓањето на автомобилот, следуваат детските седишта, кои првично биле создадени за детето да биде мирно за време на возењето, а не за неговата безбедност.
Првите седишта за во автомобил биле вреќи кои виселе преку седиштето за совозачот. Потоа во 1940-та година многу производители создаваат седишта од платно во метален оквир закачени на задните седишта.
Првото седиште за деца кое било создадено за нивната безбедност е во 1962-та година, а го креирал британецот Џин Амес. Седиштето прв пат имало појаси кои го задржувале бебето.
Најблиску до денешното модерно седиште е верзијата од 1968-ма година создадено од Форд.
Пластичните модели се врзувале за седиштето, а со појас се врзувало и бебето кое во случај на несреќа било сигурно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: