Како настанала популарната касичка-прасе?!

Од моментот кога човекот почнал да користи монети, тој се обидувал да ги скрие за да ги заштеди.

Низ историјата, луѓето ги чувале парите во глинени, камени или дрвени садови.

Бидејќи тогаш не постоеле банки, парите ги криеле во ќупови закопани во земја, во под, на кров или во ѕид.

Како поминувале годините така се менувал и обликот на ќуповите како и материјалот од кој биле направени. Можеле да се најдат садови во облик на животни, глави од луѓе или ковчеџиња, а старите материјали се замениле со злато, сребро, ќерамика.

Непознат грнчар изработил сад за чување пари во форма на прасе. Тој облик станал многу популарен во Британија и бил донесен из цела Европа.

Касичката – прасе често била богато украсувана. Поради нејзиниот изглед луѓето штеделе повеќе пари бидејќи не сакале да ја скршат.

Во 20-от век започнува изработка на прасе-касички кои на дното имале голем отвор кој бил затворен со тапа или пластичен чеп. На овој начин касичките траеле подолго.

И денес еден од омилените подароци за најмладите е касичка за штедење во форма на прасе. Со овој предмет им се помага на децата да ја научат вредноста на парите и да научат да штедат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: