Како настанала топката?

Топкака како форма се користи насекаде. Во фабрики, во домаќинство, во речиси секоја работа на возрасните. Но нас денеска не интересира само топката за играње.

А со топка се играло од секогаш. Од кога постојат луѓето, играат со топка. Прво тркалале разни работи од природата што биле округли, а потоа почнале и сами да ги прават. Од лисја, од дрва, од трска, од многу трева заврзана со разни лијани од дрва.

Тоа што бебињата уште од мали сакаат топка, а исто и малите мачиња и кучиња, докажува дека од кога постојат луѓето и животните, тркалале округли предмети, кои со време станале вистински топки. Топка од секогаш се играло на сите континенти, во сите земји во светот. Уште пред да постојат луѓето, мајмуните играле со разни округли предмети од природата.

Домородните американци или индијанците, уште од самиот почеток играле со топка. Старите римјани и грци исто така играле со топка.

Затоа е многу тешко да се одреди кој прв почнал да игра со топка. Денешниот свет не може да се замисли без топка. За среќа, денеска не мора да тркаламе разни крпи и лисја завиткани со јажиња.

Денешните топки се прават во фабрики и се од гума или од кожа. Во денешно време многу спортови се играат со топка. Топките најчесто се во форма на сфера или се овални односно како јајце, а нивната големина, изгледот, материјалот од кој се направени и тежината, зависат од спортот за кој се наменети.

Топката за на плажа е измислена во поново време, поточно пред околу 80 години во Калифорнија во Америка. Топката за на плажа се полни со воздух, и поради нејзината големина и затоа што е многу лесна, се движи побавно од другите топки и мора да се фаќа со две раце.

Топките се закон. Без нив нема фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, пинг понг, гимнастика…. Нема забава на плажа, во двор, пред зграда, во градинка, во училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: