Како настанува виножитото?!

Виножитото е една од најубавите појави во природата, а човекот долго време се прашувал што е тоа и како настанува. Се појавува после дождот, има седум бои и е вистинска магија на небото.

Но, како настанува?

Виножитото настанува кога на еден дел од небото врне, а на другиот грее сонце.
Кога сончевите зраци поминуваат низ капките вода, тие се однесуваат како призми, прекршувајќи ја светлината и создавајќи го овој спектар на небото.

За да го видите виножитото треба да сте поставени така што сонцето ќе биде позади вас, а дождот пред вас.
Сигурно сте ја слушнале приказната дека има злато на крајот на виножитото, но тоа нема крај. Виножитот има форма на круг, па затоа ни „бега“ и никогаш нема да можеме да го стигнеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: