Како се прават мастиките за џвакање?!

Мастиките за џвакање денес ги има во различни облици, со различни вкусови, дури и бои… но, како се прават мастиките?

Мастиките за џвакање се производи составени од гума, додаток за омекнување и згуснување, арома, бои и конзерванси.
Основната состојка „гума“ може да биде природна или синтетичка. Гумата во мастиките за џвакање денес е од синтетички латекс. Основата на мастиката може да биде со различна еластичност. Еластичноста е наменета за мастики со кои можеме да направиме големи балони, најчесто мастиките за деца.

Мастиките за џвакање се засладуваат со шеќер од шеќерна трска или репка, сируп од пченка или вештачки засладувачи.
Процесот на производство на мастиките започнува со топење и прочистување на гумата во основата. Основата се става во мешалка, каде се додава боја и вкус.

Кога ќе започне процесот на мешање во смесата се додава и засладувачот кој е течен и овозможува основата да остане мека.

Смесата откако ќе се измеша поминува низ големи машини кои ја прават во тенки, широки траки. Со секое помиување, смесата станува се потенка.

Потоа мастиките се сечат во посакуваниот облик. Исечените мастики се ставаат во простор за ладење. Кога ќе се оладат, мастиките се кршат, а парчињата се праќаат во сушари каде добиваат крцкав слој околу гумата. Потоа следува процес на пакување, каде секое пакетче се пакува посебно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: