Кој ги создал возовите?

Возот е омилена играчка на многу деца во светот. Но, играчката всушност е реплика на вистинските големи возови кои стојат на железничките станици, се движат по шини и пренесуваат патници или товар од едно до друго место.

Се започнало пред 200 години, кога чичко Ричард Тревитик од Британија го создал првиот воз. Од тогаш па до денес, по неговиот модел биле создадени сите возови.

Пред многу години возовите биле со отворени вагони, а возењето било споро, неудобно и многу бучно. Но, со текот на времето парните локомотиви станувале се посилни, а вагоните поудобни. До крајот на 19 век, парните локомотиви влечеле експресни возови кои достигнувале брзина од 150 км/ч.

Современите возови се движат со помош на електрична струја која возовите ја добиваат преку шините. Тие денеска се удобни за патување и се многу брзи.

Најбрзиот воз во светот се наоѓа во Кина. Тој се движи со брзина од 350 к/ч, а неговото име е факсинг.

Благодарение на вистинските возови пред речиси 70 години во Германија биле создадени и првите играчки воз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: