Креативни идеи со есенските лисја

Жолтата кралица есента со себе донесе многу жолти лисја, кои може да ги искористиме за играње по дома. Заедно со вашите родители или другарчиња направете креативна работилница, во која ќе создадете животинско царство од есенски лисја.

За овој проект ќе ви бидат потребни суви листови во различни големини и бои, лепило, лист хартија на која ќе ги лепите листовите, ножички и неколку тенки гранчиња.

Откога ќе ги набавите сите потребни материјали, време е да се забавувате. Замислете си животно кое сакате да го направите, можете да најдете и слика на интернет и почнете со изработка. Сечете ги листовите, лепете ги на хартијата и полека ќе создадете вистинска уметност.

Нашиот предлог е да започнете со едноставни животни, како був, риба или пиленце. Создадете вистинска уметност од есенски лисја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: