Што навистина е ураган?

Ураганите се метеоролошка појава која се состои од брзи ветрови со дожд.

Темните облаци и ветрот го најавуваат ураганот, кој во разорната патека може да помине повеќе илјади километри. Ураганите може да предизвикаат торнадо, грмотевици или силни ветрови, траат по неколку недели и се опасни по животот на луѓето.

Ураганите се најголемите бури, а воздушниот вител урива се пред себе. Вителот се формира над големи површини на релативно топла вода.

Ураганот енергијата ја добива од испарување на водата од површината на океаните, по што настануваат облаци и дожд, кога ќе се олади влажниот воздух.

За некој ветер да биде ураган неговата брзина минимум треба да изнесува 119 километри на час. Ураганите најчесто се формираат кон крајот на летото на двете земјини полутопки, а сезоната на ураганите на северната полутопка најчесто е во првата половина на септември.

Ураганот Ирма кој ја погоди Флорида и за кој сите со денови зборуваат е најсилниот ураган во историјата откако се започнати мерења над Атлантскиот Океан. Ветровите на Ирма достигнаа брзина од 135 километри на час и оставија околу 1,8 милиони домови и фирми без електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: