Светскиот ден на плишаното мече

Плишаното мече со децении е една од најпопуларните играчки кај децата, но и во срцата на возрасните знаат да имаат посебно место.

Најчесто ги добиваме на подарок, а веднаш стануваат наш верен пријател. Со нив јадеме, спиеме, си играме, а 9-ти септември е светскиот ден на плишаното мече.

Плишаните мечиња се прават од различни материјали, но најчесто тоа е плиш бидејќи не потсетува на природното крзно на мечињата. Најголемото плишано мече се наоѓа во Америка и е дел од гинисовата книга на рекорди.

Тоа е високо 16 метри, а било создадено од страна на Дана Варен на 6-ти јуни 2008-ма година. Мечето го добило името Дрим и од него денес постојат многу реплики, а децата го обожуваат.

Едноставно сите плишани мечиња се супер, тие се меки и одлични за гушкање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: