Зошто дуваме свеќички?!

Родендените се одлични! Секоја година, денот кога сме родени е денот кога добиваме подароци , дуваме свеќички, јадеме торта и се забавуваме со другарчињата и семејството.

Денес е нормално да се слави роденден, но не било секогаш така. Во античко време, иако родендените биле споменувани, не се практикувала нивна прослава. Тие биле резервирани само за богатите луѓе, но дури и тие не ги правеле овие забави толку често.

Родендените со торти и свеќи, како што ги знаеме денес се појавиле многу подоцна во историјата.
Свеќичките ставени на торта, прв пат почнале да се користат пред три века во Германија. Наводно, богатиот Гроф за неговата гала роденденската забава, ги изненадил гостите со голема торта со свеќички кои ја симболизирале светлината на животот.

Од тогаш дуваме свеќи за роденден и замислуваме желба. На тортата се наредени свеќи во ист број со годините на славеникот, кој си замислува желба, и многу е важно истовремено да ги дувме свеќичките за пораката да биде испратена.
Денешната традиција на замислување желба вели дека со дувањето свеќи вие ја испраќате желбата до ангелите и ако сте добри и умни деца, истата ќе ви се исполни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: