Зошто повеќето цртани јунаци се со жолта боја?!

Сунѓер Боб, Симпсонови, птичката Твити, Вини Пу и уште многу цртани јунаци се поврзуваат со жолтата боја.
Зошто токму оваа боја најчесто се користи кога се замислуваат ликовите од цртаните и анимираните филмови?

Една од можните причини е теоријата на боите, со контрастите на боја во однос на боја, светло-темно, топло-ладно, но ова звучи премногу комплицирано.

Поедноставното објаснување доаѓа од психологијата на боите, на која нашите очи несвесно реагираат. Докажано е дека различно реагираме на одредени бои и дека тие кај нас предизвикуваат различни чувства.

Жолтата боја брзо ја забележуваме и е поврзана со среќа и енергија, а и многу далтонисти ја препознаваат жолтата боја.

Тоа значи, кога ги гледаме жолтите омилени ликови, автоматски сме среќни и се чувствуваме добро.
Па нашиот предлог за денес е да го погледнете филмот за мињоните. Жолтите човечиња и нивните авантури кои ги обожуваме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: