Зошто птиците за време на зимата се селат на југ, кога заминуваат и како знаат каде треба да одат?

Многу животни не ја поминуваат зимата на едно исто место, тие се селат во топлите краишта. Најпознати преселници се птиците.

Тие не се селат поради ладното време, кое инаку би го преживеале, туку поради немањето храна. Повеќе од 60% од птиците во нашата земја се преселници.

Во зависност од видот, тие патуваат самостојно или во јато. Кукавицата и врапчето летаат сами, додека гуските, патките, чучулигата и други на југ заминуваат заедно во јато.

Се верува дека птиците во себе имаат „природен часовник“ и компас кој им покажува каде треба да се упатат. Постои и теорија дека при летање се ориентираат според Сонцето, Месечината и магнетното поле на земјата.

Научниците сеуште не се сигурни како птиците знаат кога е време да заминат и да се вратат. Се верува дека голема улога има должината на денот. Штом денот е пократок тоа е знак дека е време за селење. Птиците се селат во текот на ноќта, за да не бидат забележани од луѓето.

Секоја врста на птица има свое место за „зимовање“. Европските птици најмногу се селат во Африка и на Блискиот Исток. Птиците од најсеверните делови на европа, само се спуштаат на југ во топлите краишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ПРОДУКЦИЈА: